Шакира и Малума продолжуваат да нижат успешни музички проекти. Славните колумбиски пејачи го објавија спотот за третата заедничка песна.
Во видеозаписот за „Clandestino“, 41-годишната пејачка и 24-годишниот пејач заведуваат и танцуваат на плажа.
Шакира и Малума претходно ги снимија хитовите „Chantaje“ и „Trap“.