Бременоста не ја смири енергичната Шакира. Иако малку повоздржано, веселата пејачка сепак ги покажа своите танцувачки способности во Баку, Азербејџан.
35-годишната ѕвезда ја воодушеви публиката во Кристалната сала со динамична изведба на своите најголеми хитови.
„Моето бебе ја чувствува прекрасната атмосфера. Тој знае дека не можам да живеам без движење, но оваа ноќ се обидувам да сум повнимателна“ – рекла таа на сцената.
Шакира, која го очекува првото дете со фудбалерот Жерар Пике, настапи во Баку и еден ден претходно на церемонија на Светското првенство во фудбал за жени под 17 години. „За неколку минути ќе биде првиот настап на нашето бебе на сцената и тоа токму на фудбалски настан!“ – напиша Шакира на Twitter пред да излезе на сцената.
Шакира пред неколку недели откри дека со Пике ќе добијат син.