Лана Дел Реј е една од многуте музички ѕвезди кои стојат зад саундтракот на долгоочекуваниот филм „The Great Gatsby“ со Леонардо Дикаприо и Кери Малиган во главните улоги.
Во целост е објавена „Yound And Beautiful“, песната со која Лана ќе ја разубавува филмската приказна на режисерот Баз Лурман. „Will you still love me when I'm no longer young and beautiful? / Will you still love me when I got nothing but my aching soul?“ – пее Лана во баладата напишана од неа и Рик Науелс.
Продуцентот Џеј-Зи за официјалниот саундтрак соработуваше и со Бијонсе, Florence + The Machine, Ферги и Вил Ај Ем. Бијонсе и Андре 3000 ќе ги слушнеме со преработка на големиот хит на прерано починатата Ејми Вајнхаус „Back to Black“.
„Young And Beautiful“ на Лана Дел Реј е искористена како музичка позадина во еден од официјалните трејлери за филмот, чија премиера е закажана на 10 мај, 2013 година.
Музичкиот саундтрак за „The Great Gatsby“, работен според класичната новела на американскиот автор Френсис Скот Фицџералд, ќе излезе три дена пред филмската премиера, односно на 7 мај.