Данијела Мартиновиќ и Марко Шкугор го објавија спотот за заедничката песна, насловена „Ono nešto“.
Хрватските пејачи се прегрнуваат на „полна месечина“ во видеозаписот за песната која буди емоции.
Музиката ја напиша Марко, а текстот е нивно заедничко дело.
„Кога Марко ми ја испрати песната, веднаш сфатив дека таа навистина го има она нешто. Многу сум среќна што во своето музичко портфолио ја имам оваа музичка соработка. Верувам дека луѓето ќе го препознаат и почувствуваат она нешто, што го почувствувавме јас и Марко додека ја снимавме“ – рекла Данијела.
Останува да видиме дали оваа песна ќе биде хит меѓу младенците на идните свадбени прослави.