Данијела Мартиновиќ го објави спотот за песната „Kao prekjučer“ кој е снимен на неколку локации во Сплит.
47-годишната музичка ѕвезда пее за носталгијата за минатото, а во видеозаписот се прикажани пријатели кои со емоции се навраќаат на разиграните детски денови.
Хрватската пејачка им порачува на сите да искористат сè што им нуди животот, бидејќи додека ги живееме моментите не ги цениме доволно, а кога ќе поминат, жалиме за нив.