Пред два дена, во Вела Лука се одржа концерт посветен на легендарниот Оливер Драгојевиќ.
Бројни музички ѕвезди настапија во чест на нивниот колега, на 5-годишнината од неговата смрт. Данијела Мартиновиќ беше меѓу славните пејачи кои запеаја на настанот насловен „Траг у бескрају“.
52-годишната поп пејачка блесна во бел фустан и раскажа случка со Оливер.
„Ќе ви раскажам една приказна која ми е многу важна, но не ја знаат многу луѓе. Беше зима, а јас брзав за еден состанок. Влетав на еспланадата и видов празен бар и Оливер на клавирот. Ми беше свртен со грб, не ме виде. Малку уживав во тој момент, а потоа отидов до него, седнав и почнавме заедно да пееме. Никогаш претходно и никогаш потоа, немам пеено така како таа вечер до Оливер, бидејќи големите луѓе служат за да го извлечат најдоброто од нас. Тоа беше поради него“ – рече Данијела, присетувајќи се на специјалниот момент.