Данијела Мартиновиќ сподели видео од ланската изведба на песната „Принцеза“ со Марко Тоља, за да им го честита на сите дами Меѓународниот ден на жената.
51-годишната хрватска пејачка на Instagram напиша:
„Среќен ден на сите прекрасни жени. Пред точно година дена, на концертот ‘Отворено срце’ во ‘Лисински’ со Марко Тоља ја изведов песната ‘Принцеза’... Ви ја поклонувам со желба да се чувствувате како принцеза. Ваша Данијела“.