Само неколку дена пред излегувањето на новиот албум на Мајкл Џексон, на интернет се појави уште една од 10-те песни. Се работи за песната „Monster“.
Овој сингл е соработка на Мајкл Џексон со раперот 50 Cent, а е продуциран од Теди Рајли.
50 Cent е еден од малкуте изведувачи кои имаа можност да направат дует со Кралот на поп музиката и тој не ја крие возбудата од таа соработка.
„Кога седнав и ја слушнав песната, бев многу возбуден. Реков: Ова е верзија на Thriller од 2010“ – изјавил тој.
Иако таа споредба со „Thriller“ е малку пресилена, се очекува оваа песна да биде добро прифатена.
Првиот постхумен албум на Мајкл Џексон ќе биде пуштен во продажба за една недела.