Почетна » Новости » Шоу-бизнис » 50 Cent – шокантно слаб поради филм

50 Cent – шокантно слаб поради филм

Познатиот рапер 50 Cent очигледно сака луѓето да ја сфатат сериозно неговата филмска кариера, па затоа презема драстични мерки. Слично како што Кристијан Бејл пред неколку години ослабе за филмот „The Machinist“, сега 50 Cent ослабел за да биде дел од филмот „Things Fall Apart“.

50 Cent50 Cent преслаб за филмска улога.

Тој „скинал“ од себе 24,4 килограми за да може во новиот филм најдобро да ја долови улогата на спортист којшто боледува од рак.

Со помош на течна диета и секојдневно 3-часовно вежбање на стационарна лента за трчање, славниот рапер успеал своите 97 килограми да ги стопи до 72,5 за 9 недели.

50 Cent

„Гладував“ – изјавил 50 Cent.

Но, сега продолжува со своите настапи и се враќа во форма. „Јадам. Ќе се вратам во форма за кратко време“ – убедливо изјавувал 34-годишниот пејач.

Навистина фотографиите се шокантни, но веројатно амбициозниот рапер очекува и посакува токму таква реакција од неговата публика.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20797 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.