Почетна » Новости » Шоу-бизнис » 50 Cent веќе се враќа во форма

50 Cent веќе се враќа во форма

Пред нешто повеќе од една недела, познатиот рапер 50 Cent на неговиот сајт објави шокантни фотографии на кои изгледа нездраво слаб. Оние кои се загрижија веќе можат да бидат спокојни, затоа што 34-годишниот пејач е на добар пат да си ја поврати старата фигура по која го познаваат неговите обожаватели.

Вчера вечерта 50 Cent настапил во Денвер, Колорадо и неговиот изглед не бил ни приближно загрижувачки или пак сличен како оној на фотографиите. Очигледно тој успеал да го исполни своето ветување дека брзо ќе се врати во форма.

„Јадам. Ќе се вратам во форма за кратко време“ – убедливо изјавувал.

50 Cent ослабел драстично во рок од 9 недели за подобро да ја одигра улогата на спортист болен од рак во неговиот нов филм Things Fall Apart. Тој симнал од себе 24,5 килограми со помош на течна диета и секојдневно вежбање и изјавил дека бил инспириран да го направи тоа од Роберт ДеНиро, којшто ослабе 16 килограми за неговата улога во Taxi Driver во 1976 година.

50 Cent завршил со снимањето на филмот Things Fall Apart на 12 мај.

За да ја докаже својата посветеност кон филмската кариера, 50 Cent пред извесно време ги отстрани и неговите тетоважи од рацете.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20798 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.