Познатиот рапер 50 Cent изјави дека богатството од 400 милиони што го поседува не е доволно. Тој во минатото сметал дека парите ги решаваат сите проблеми, но иако сега повеќе не го мисли тоа, призна дека нема да престане да се стреми да постигне и заработи повеќе.
„400 милиони? Не знам колку имам. Мислам дека никогаш нема да бидат доволно. Порано успехот го мерев преку финансиите, затоа што немав ништо, а кога немаш пари мислиш дека тие се решение на сите проблеми. Тогаш добиваш пари и сфаќаш дека си добил само нови проблеми.“
И покрај големиот успех што го има постигнато, 50 Cent инсистира дека е приземен човек и дека не се срами да патува во економска класа.
„Ако предниот дел од авионот е распродаден, не ми пречи да седам назад. Некои ќе речат: ох, првата класа е распродадена, не можам да патувам. Тие се грижат да не бидат видени дека не седат во прва класа. Ако мислиш дека седењето во прва класа ќе те направи ѕвезда, тогаш ти не си ѕвезда.“
Македонските обожаватели на оваа рап сензација ќе имаат можност да го гледаат во живо на 31-ви март. 50 Cent ќе одржи концерт во Скопје во рамките на светската турнеја „Before I Self Destruct”.