Кои песни ја одбележаа 2014 година? Apple ја објави листата на најпродавани песни на iTunes, а на самиот врв се најде позитивната „Happy“ од Фарел Вилијамс.
Љубовната балада „All of Me“ е на второто место, додека хитот на Кети Пери насловен „Dark Horse“ застана на третото место.
Во категоријата најпродавани албуми, на листата води саундракот на анимираниот филм на Дизни „Frozen“. Веднаш зад него се наоѓа новиот албум на Тејлор Свифт „1989“, кој годинава за кратко време сруши неколку рекорди. „Ghost Stories“ на Coldplay е на третото место.