Ве интересира што привлекува најмногу луѓе на YouTube? Најпознатата платформа за споделување видеа објави што го задржуваше вниманието на бројната публика во 2014 година.
Најпопуларни музички видеа за 2014
Женските музички ѕвезди владееја на YouTube во годинава што изминува. Меѓу десетте најгледани музички спота, дури осум доаѓаат од пејачки. На кратката листа на YouTube, Шакира држи две позиции со „Can't Remember to Forget You“ со Ријана и „La La La (Brazil 2014)“.
Првото место ѝ припадна на Кети Пери за видеозаписот за „Dark Horse“, додека веднаш зад неа се наоѓа Енрике Иглесијас со „Bailando“.
1
Dark Horse
Katy Perry
2
Bailando
Enrique Iglesias
3
Can't Remember to Forget You
Shakira ft. Rihanna
4
La La La (Brazil 2014)
Shakira
5
Wiggle
Jason Derulo ft. Snoop Dogg
6
Fancy (Explicit)
Iggy Azalea ft. Charli XCX
7
Chandelier
Sia
8
Shake It Off
Taylor Swift
9
All About That Bass
Meghan Trainor
10
Anaconda
Nicki Minaj
Најпопуларни видеа за 2014
На првото место на листата „Top Trending Videos of 2014“ се најде виралниот хит со кучето-пајак кое сееше страв во Полска.