Џулија Робертс зачекори на црниот тепих по повод доделувањето на наградите на списанието InStyle во иста облека како и нејзината стилистка Елизабет Стјуарт.
Дуото се појави во исти светловиолетови костуми од Живанши и идентични обувки на рамна платформа.
„Елизабет е една од моите најблиски пријателки и ова беше забавно за нас“ – изјави Џулија за модниот избор.
На свеченоста во Лос Анџелес, Стјуарт ја прими наградата Стилист на годината, додека Робертс се закити со наградата Икона на стилот.