Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Фустанот на Натали Портман од Оскарите продаден за $50.000

ФОТО: Фустанот на Натали Портман од Оскарите продаден за $50.000

Црвениот винтиџ фустан со црни точки од Диор, кој Натали Портман го носеше на манифестацијата за доделување на Оскарите, се продаде за 50.000 долари.

Натали Портман Натали Портман

Иако многумина дадоа лоши критики за изборот на Натали, тоа не беше пречка решителниот анонимен купувач да го подиспразни својот џеб и да плати голема сума за да ја додаде елегантната тоалета во својата колекција облека од висока мода.

Фустанот е од „couture“ колекцијата на Кристијан Диор пролет/лето 1954 година и е изработен од свилена органза.

Натали Портман Натали Портман

Стилистката на Портман, Кејт Јанг, открила дека познатата актерка имала намера да носи друг фустан, но се премислила во последен момент. Фустанот за Оскарите бил позајмен од продавницата Rare Vintage во Њујорк.

„Фустанот на Натали е прекрасен. Таа всушност ќе носеше друг фустан, но тогаш ми се јави жената од Rare Vintage и ми рече: треба да го видиш овој фустан за Натали. Отидовме, таа го облече и не беа потребни никакви промени“ – изјавила Кејт.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20833 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.