Италијанскиот бренд Casadei секогаш ги следи модерните трендови кај обувките со цел да ги задоволи најпрефинетите вкусови на своите клиентки.
Новата колекција есен/зима 2012 е интерпретација на „pin-up“ девојката на новиот век. Креативниот директор Чезаре Касадеи тврди дека црпел инспирација од модата во 40-тите, преку „pin-up“ девојките на 50-тите и 60-тите, па сè до стилот на актуелната пејачка Лејди Гага.
Иако доминираат придушени темни бои, како детали можат да се забележат светлите дречливи бои кои компанијата ги користеше како основни во колекцијата пролет/лето.





















































