Колекцијата обувки на Џузепе Ѕаноти за сезоната есен/зима 2012 комбинира злато, кристали и велур и изгледа исто толку гламурозно, колку и елегантно.
Инспирирана од фотографиите на Хелмут Њутон, кој е познат по фотографиите од голи жени од 50-тите и 60-тите години, колекцијата задржува елегантна силуета. Сепак, некои од моделите имаат и пооткачен изглед, инспириран од обувките без потпетица кои ги популаризира Лејди Гага.
Погледнете повеќе од колекцијата во следното видео, кое вклучува и интервју со Џузепе и рекламното лице на колекцијата Ања Рубик.