Брендот Џими Чу е дефиниција за елеганција, гламур и големи дози женственост. Иако колекцијата есен/зима 2012-2013 го зачува тој препознатлив нежен стил, сепак е многу похрабра од претходните и со рокенрол дух.
Џими Чу за претстојната сезона понуди обувки и за префинетата дама која сака да плени со едноставност и минимализам и за авантуристичката девојка која обожава бохо шик и сака да остава силен впечаток. Моделите варираат и може да се сретне буквално сè – од балетанки, патики и класични шпицести чевли, до сандали со ремчиња, чизмички до глужд и високи чизми.