Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Модата на CFDA Awards 2012

ФОТО: Модата на CFDA Awards 2012

Њујорк уште еднаш беше домаќин на големиот моден настан по повод доделувањето на наградите на Советот на модни дизајнери на Америка.

Многу лица од светот на модната индустрија и шоу-бизнисот се појавија да го прослават мајсторството на најдобрите во креирањето на женска и машка облека и модни додатоци, но и креативната визија на новинари и верни следбеници на модата.

Џони Деп беше прогласен за Модна икона на годината, титула која лани ѝ припадна на ексцентричната Лејди Гага. За жал, популарниот актер со препознатлив стил не беше присутен да си ја подигне наградата. Во негово име наградата ја прими режисерот Џон Вотерс, кој на шега го опиша Деп како „ѕвездата која направи валканата коса да изгледа модерно“.

Близначките Мери-Кејт и Ешли Олсен ја добија наградата Најдобар дизајнер на женска облека за нивната линија висока мода „The Row“, додека Били Рид ја доби наградата за Најдобар дизајнер на машка облека.

Познатите сестри кои славата ја стекнаа на филмските екрани, се појавија во сопствени креации. Мери-Кејт за првпат ја покажа и својата темна фризура. На настанот беа присутни и филмски ѕвезди и некои од ангелите на „Victoria’s Secret“.

Ешли ОлсенЕшли Олсен

Мери-Кејт ОлсенМери-Кејт Олсен

Зое СалданаЗое Салдана

Ерин ХедертонЕрин Хедертон

Менди МурМенди Мур

Дауцен КрусДауцен Крус

Кендис СванапулКендис Сванапул

Селита ЕбанксСелита Ебанкс

Софија БушСофија Буш

Хилари РодаХилари Рода

Џулиен ХафЏулиен Хаф

Џесика ПареЏесика Паре

Џесика СтамЏесика Стам

Дајен фон ФирстенбергДајен фон Фирстенберг

Рејчел ЗоеРејчел Зое

Џоан СмолсЏоан Смолс

Аризона МјузАризона Мјуз

Кејт БосвортКејт Босворт

Каролина КурковаКаролина Куркова

Лили КолинсЛили Колинс

Дона КаранДона Каран

Соланж НоулсСоланж Ноулс

Дакота ФенингДакота Фенинг

Ана ВинтурАна Винтур

Џесика ЧастеjнЏесика Частеjн

Бизи ФилипсБизи Филипс

Еве ја целосната листа на добитници на награди:

Womenswear Designer of the Year: Mary-Kate Olsen, Ashley Olsen
Menswear Designer of the Year: Billy Reid
Accessory Designer of the Year: Reed Krakoff
Suno for Swarovski Award for Womenswear: Joseph Altuzarra
Swarovski Award for Menswear: Phillip Lim
Swarovski Award for Accessory Design: Tabitha Simmons
Geoffrey Beene Lifetime Achievement Award: Tommy Hilfiger
International Award: Rei Kawakubo
Founders Award: Andrew Rosen
Media Award: Scott Schuman and Garance Dore
Fashion Icon Award: Johnny Depp

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.