Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Лејди Гага речиси гола славеше за наградата Модна икона за 2011

ФОТО: Лејди Гага речиси гола славеше за наградата Модна икона за 2011

Познатите лица од светот на модата вчера пристигнаа во Њујорк за да присуствуваат на доделувањето на наградите на Советот на модни дизајнери на Америка (CFDA). Оваа свеченост се нарекува уште и „модните оскари“, затоа што им се доделуваат награди на најдобрите во модната индустрија.

Лејди Гага

Пејачката Лејди Гага, којашто поседува стил на облекување кој или го сакате или го мразите, беше прогласена за Модна икона за 2011 година. „Модата направи да се чувствувам како ѕвезда уште пред да станамѕвезда“ – изјави Гага за време на примањето на наградата. Доследна на својот ексцентричен имиџ, таа се појави качена на екстремно високи обувки, со тиркизна перика, остри црвени нокти и проѕирен црн фустан на Тиери Муглер.

Лејди Гага Лејди Гага

Откако на црвениот тепих намерно или ненамерно таа ги покажа своите гради, на забавата организирана по прогласувањето на победниците Гага се појави речиси гола. 25-годишната пејачка само со црни кругови ги покри своите брадавици и со црни танга гаќички ги сокри своите интимни делови пред да им се придружи на префинетите гости.

Лејди Гага Лејди Гага

Еве ја и целосната листа на добитници на награди:

  • Womenswear Designer of the Year: Proenza Schouler
  • Menswear Designer of the Year: Michael Bastian
  • Accessory Designer of the Year: Alexander Wang
  • Swarovski Award for Menswear: Robert Geller
  • Swarovski Award for Womenswear: Prabal Gurung
  • Swarovski Award for Accessory Design: Eddie Borgo
  • International Award: Phoebe Philo
  • Media Award: Hilary Alexander
  • Founders Award: Hal Rubenstein
  • Fashion Icon Award: Lady Gaga
  • Geoffery Beene Lifetime Achievement Award: Marc Jacobs
  • Board of Directors' Special Tribute: Arthur Elgort

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20403 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.