Близначките Олсен очигледно преферираат повозрасни партнери. Пред речиси една година Мери-Кејт се омажи се омажи за 47-годишниот Оливие Саркози, а најновите фотографии потврдуваат дека Ешли е во врска со 58-годишниот финансиер и колекционер на уметност Ричард Сакс.
30-годишните сестри, заедно со своите партнери, беа фотографирани на трибините за време на кошаркарски натпревар во „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк.
Мери-Кејт и нејзината сестра близначка Ешли се прославија со серијата „Full House“, но сега се посветени на модата и имаат два свои бренда The Row и Elizabeth and James.