Судски документи потврдија дека Мери-Кејт Олсен и Оливие Саркози ставаат крај на 5-годишниот брак.
33-годишната поранешна актерка и успешна дизајнерка што поскоро сака да се разведе од 50-годишниот полубрат на поранешниот француски претседател Никола Саркози.
Медиумот TMZ, кој стигна до документите за развод, тврди дека Олсен добила известување од адвокатот на Саркози до 18 мај да се исели од станот кој го изнајмувале, но таа бара продолжување на рокот до крајот на месецот, поради карантинот во Њујорк. Бидејќи Саркози не одговорил на нејзиното барање, таа и официјално покренала постапка за развод.
Мери-Кејт потпишала документи за развод уште минатиот месец, но поради коронавирусот ѝ било кажано дека судот ги прифаќа само итните случаи. Сега таа бара судот без одложување да ѝ дозволи да се разведе, а исто така, да биде испочитуван нејзиниот предбрачен договор со францускиот банкар.
Мери-Кејт и Оливие стапија во брак во 2015 година. Ова беше прв брак за неа, а втор за Саркози кој има две деца од бракот со Шарлот Бернард.
Мери-Кејт и нејзината сестра близначка Ешли се прославија со серијата „Full House“, но сега се посветени на модата и имаат два бренда The Row и Elizabeth and James.