Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: 25-годишната Мери-Кејт Олсен во врска со 42-годишниот брат на Саркози

ФОТО: 25-годишната Мери-Кејт Олсен во врска со 42-годишниот брат на Саркози

Мери-Кејт Олсен има нов маж во својот живот. 25-годишната дизајнерка е во врска со Оливие Саркози, полубратот на поранешниот француски претседател Никола Саркози.

Оливие и Мери-КејтОливие и Мери-Кејт

Според извори на „Us Weekly“, младата дизајнерка е заљубена до уши и воопшто не ја смета за пречка големата разлика во годините. „Точно е, во врска се и таа дефинитивно е заинтересирана за него. Мери-Кејт постојано се жалеше за момците затоа што не се доволно зрели. Не ја интересираат деца“ – изјавил близок на познатата близначка.

Оливие и Мери-Кејт Оливие и Мери-Кејт

Заљубениот пар бил виден во неколку прилики. Но, додека тие уживаат, не се сите така среќни за нивната врска. Според „Daily Mail“, поранешната сопруга на Оливие, Шарлот Саркози, смета дека врската на Мери-Кејт и Оливие е чудна. Таа дури и изјавила дека не сака двете деца кои ги има од 13-годишниот брак со Оливие да се сретнуваат со актерката која се прослави како дете со серијата „Full House“.

Оливие со поранешната сопругаОливие со поранешната сопруга

Мери-Кејт и нејзината сестра близначка Ешли Олсен неодамна ја добија престижната награда Најдобар дизајнер на женска облека за нивниот луксузен моден бренд „The Row“.

Ешли и Мери-Кејт Олсен Ешли и Мери-Кејт Олсен (Мери-Кејт пред неколку дена стана бринета)

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.