Лорен Конрад се инспирираше од својата бременост за да ја создаде својата прва модна колекција за трудници.
31-годишната дизајнерка, која е бремена со момче, преку едиторијал ги претстави модните парчиња кои им нудат комфор на дамите кои се во блажена состојба, а кои сакаат да изгледаат женствено и шик.
Колекцијата е дел од нејзината линија LC Lauren Conrad во соработка со синџирот продавници Kohl’s.