Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Гвинет Палтроу покажа нозе за Harper’s Bazaar

ФОТО: Гвинет Палтроу покажа нозе за Harper’s Bazaar

Гвинет Палтроу го покажа своето тонирано тело во разголен црн фустан на Антони Вакарело. 39-годишната актерка позираше за списанието Harper’s Bazaar пред објективот на Тери Ричардсон во прекрасни креации на Ланвин, Александар МекКвин, Живанши, Версаче и Блумарин.

Гвинет Палтроу

За да биде фит, Гвинет вежба секој работен ден по час и половина наутро со Трејси Андерсон. Таа практикува денс аеробик и серии вежби кои се менуваат на секои 10 дена.

Гвинет Палтроу

Во интервјуто за познатото списание, Гвинет откри дека е против користењето Ботокс, но дека користи козметички третмани со ласер, а исто така и дека некој од бившите редовно ја изневерувал.

Гвинет Палтроу

За козметичките операции: „Ќе си ги земам моите брчки. Не го сакам Ботоксот.“

За бањањето со децата: „Сите влегуваме во кадата заедно.“

Гвинет Палтроу

За неверството на некој од нејзините бивши партнери: „Имав момче кое постојано ме изневеруваше. Бев навистина наивна. Секоја клетка од мене го знаеше тоа, но поверував во неговата приказна.“

Гвинет Палтроу Гвинет Палтроу

За толеранцијата на неверството: „Колку повеќе стареам, толку сум поотворена и помалку осудувам. Животот е долг. Имам пријатели кои ги сакам и кои ги почитувам, а кои имале афера. Ако бев помлада, ќе кажев дека тој е ужасна личност или таа е ужасна личност. Но, кој ги прави тие закони?“

Гвинет Палтроу

Гвинет е во брак со Крис Мартин од Coldplay од 2003 година. Заедно имаат две деца. Претходно имаше долги врски со Бен Афлек и Бред Пит.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20817 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.