Сте си купиле ли некогаш обувки кои сте ги носеле само еднаш, а потоа останале да собираат прашина? За да не ви се случи тоа повторно, наредниот пат кога сте на шопинг, изберете некои од обувките кои се наоѓаат на листата „10 типа обувки кои ѝ се потребни на секоја жена“, составена од женското списание Гламур.
Крем чевли со отворени прсти
Крем чевлите на висока потпетица се апсолутен хит затоа што визуелно ги издолжуваат нозете, а и одлично се вклопуваат во која било модна комбинација.
Совет: при изборот внимавајте нивната нијанса да е колку што е можно поблиска до вашиот тен.
Црни високи урбани чизми
Црните чизми со ниски потпетици се одличен избор за секојдневна употреба. Во нив можете да трчате кога доцните, а освен тоа црното оди апсолутно со сè.
Црни салонки
Сигурно ќе се согласите дека секоја жена треба во својот плакар да има црни салонки. Тие се класични обувки кои гарантираат елегантен безвременски изглед.
Дрвени сандали на платформа
Иако делуваат малку грубо и гломазно, сандалите на платформа ги освоија дури и најпребирливите дизајнери и модни критичари. Тие се одлични секојдневни обувки кои ве прават повисоки и ви ја издолжуваат силуетата, а се попријатни за носење од класичните салонки.
Платнени патики
Секоја жена од време на време го негува спортскиот и лежерен начин на облекување. За тие моменти ви се потребни шик платнени патики.
Балетанки
Удобни, а сепак модерни и елегантни. Изберете балетанки за деновите кога ќе сакате да ги одморите вашите стапала.
„Сребрени“ сандали
Без оглед дали ќе одите на свадба или на дочек на Нова година или пак сакате да изгледате префинето на свечена прослава, сандалите во сребрена боја ќе го комплетираат вашиот изглед со „wow“ ефект.
Сребрените сандали се полесни за комбинирање, но ефектот ќе биде подеднакво силен и со елегантни златни или бакарни „разголени“ обувки.
Чизмички до глужд од превртена кожа
Изберете црни чизмички до глужд изработени од вистинска или вештачка превртена кожа и секогаш ќе имате со што да го надополните вашиот изглед кога носите кратки панталони, фустан или кратка сукња.
Ниски сандали
Сакале или не, летните горештини ќе ве принудат да си ги разголите нозете, а нема посоодветен начин да го направите тоа од ниски сандали, барем за преку ден.
Уникатни обувки кои ве усреќуваат
Добро е да сте практични во шопингот, но секоја жена се нашла во ситуација да се заљуби во некој пар обувки кои тешко се комбинираат, знае дека нема да ги носи често, но сака да ги поседува затоа што се уникатни и ја прават среќна.