Почетна » Новости » Истражувања » Мажите не забележуваат дали носите високи штикли?

Мажите не забележуваат дали носите високи штикли?

Кога сакаат да го привлечат вниманието на мажите, милиони жени низ светот избираат да носат високи потпетици, наместо удобни ниски чевли. Но, англиски научници тврдат дека жените попусто ги мачат своите нозе, затоа што мажите воопшто не забележувале дали жената носи високи потпетици или не.

Експерти од Универзитетот Нортумбрија истражувале какви се реакциите на мажите кога ќе здогледаат жена што се движи на високи потпетици и жена што носи обувки без штикла. Со експерименти во кои учествувале мажи на возраст од 18 до 35 години тие сакале да утврдат дали промената во изгледот на телото (визуелното издолжување на нозете, понапрчен задник и сл.) влијае врз мажите.

Научниците откриле дека мажите воопшто не забележуваат дали жената носи обувки со високи или ниски потпетици.

Сепак, тешко дека ваквиот податок ќе ја намали нашата љубов кон високите потпетици (без разлика дали е вистинит или не). Инаку, овој заклучок е само дел од големо англиско истражување за привлечноста и сигналите кои се испраќаат преку нашите движења, како одење или танцување.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20946 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.