Почетна » Новости » Истражувања » Жените трошат 20 000 евра за чевли во текот на животот

Жените трошат 20 000 евра за чевли во текот на животот

Жените обожаваат чевли. Една третина од претставничките на понежниот пол признаваат дека чевлите се единственото нешто на кое не можат да му одолеат, па ги купуваат без разлика дали можат да си ги дозволат или не.

Можеби токму затоа, истражување на британскиот сајт Gocompare.com покажало дека просечната жена поседува 19 различни пара обувки. Истражувањето во коешто учествувале 3000 жени открило и дека во текот на својот живот жените трошат 20 000 евра за чевли, сандали и чизми.

Жена со чевелВо текот на својот живот, жените во Велика Британија трошат во просек по 20 000 евра за чевли.

Најчесто една девојка си го купува првиот пар чевли на 14 години и оттогаш продолжува со купување на 7 пара годишно, т.е. вкупно 469 пара чевли во текот на животот. Ако еден пар чини просечно по 42,5 евра, во текот на период од 67 години просечната жена одделува 19 932 евра само за обувки.

Но, жените не ги купуваат обувките бесцелно. Секој купен пар има своја намена. Така, секоја жена има 3 пара формални чевли за специјални пригоди, 6 пара летни сандали, балетанки или апостолки, 3 пара топли зимски чизми, 4 пара сексапилни чевли за вечерно излегување, 2 пара чевли за на работа и еден случајно купен пар.

Секоја четврта жена поседува барем еден пар дизајнерски чевли. Најпосакувани брендови се Jimmy Choo (61%), Christian Louboutin (42%) и Manolo Blahnik (29%).

Скоро половина од жените признаваат дека го оценуваат изгледот на другите жени според чевлите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20945 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.