Почетна » Новости » Занимливости » Дизајнирајте ги чевлите од вашите соништа

Дизајнирајте ги чевлите од вашите соништа

Како и многу други жени, сигурно и вие сте се нашле во ситуација да го имате перфектниот фустан, а да не можете да ги најдете чевлите кои совршено ќе одговараат на него.

Сега има решение и за тој проблем, барем за оние кои имаат да одделат околу 20 000 денари за еден пар чевли.

Сајтот UpperStreet.com им нуди можност на сите обожавателки на високите потпетици да си креираат свој оригинален пар обувки. Преку избор на најразлични материјали, бои, модели и модерни додатоци, во седум чекори можете да создадете инвентивни обувки по свој вкус.

Сајтот UpperStreet.com и чевлите што ние би ги избрале

Добрата вест е што обувките кои ќе ги креирате можете и да си ги порачате да ви ги достават и во Македонија, но лошата вест е што цената и не е баш ниска.

Влезете во улогата на дизајнерка и создајте го својот пар чевли од соништата. Сигурно ќе ви биде забавно, без разлика дали ќе ги купите или не.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20946 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.