Ирина Шајк е ѕвездата во најновото издание на чехословачкиот „Вог“. За корицата на списанието, згодниот модел позираше „како од мајка родена“ во градината на домот на Донатела Версаче во Милано.
Сите креации од едиторијалот се дело на италијанската модна куќа основана од Џани Версаче.
Во изминатите модни сезони, Ирина и Донатела станаа блиски соработнички, па токму нивното партнерство беше инспирација за фотосесијата.