Модната сцена е „на пауза“ како последица на пандемијата, а додека нема ангажмани, Ирина Шајк експериментира со впечатливи стилски изданија.
34-годишната Русинка беше фотографирана во Њујорк во урбана комбинација од припиен мини фустан, црно-бела јакна и чизми во војнички стил.
Еден ден претходно, папараците со фотографии ја документираа нејзината посета на Бредли Купер, која веројатно е поврзана со нивната заедничка ќерка Леа. Во таа прилика, Ирина носеше ауфит со потпис на Burberry.