Волшебна низа од камчиња, која внесува колорит и модерни синџирчиња, кои глатко ја надополнуваат елеганцијата, стојат во темелите на посакуваната колекција Rio на италијанскиот бренд Rebecca.
Хидротермалните камчиња во весели бои и ресестите синџирчиња изработени од сребро се главните елементи на колекцијата инспирирана од најпознатиот карневал вo светот: РИО.
Бразилскиот ентузијазам за забава е отсликан во парчињата накит коишто би внесле динамика во секој стајлинг.
Колекцијата можете да ја пронајдете во ексклузивниот продажен салон на Rebecca во трговскиот центар Рамстор во Скопје.
Цените се движат од 4.278 до 9.238 денари.