Модната куќа „Laurelle“ ја претстави новата невестинска колекција, а доби бројни пофалби што за фотосесијата, покрај млада манекенка, ја ангажираше и 85-годишната Хелена Норович.
„Прекрасна, уникатна, исклучителна – Хелена Норович е ѕвезда во кампањата за најновата невестинска колекција на Laurelle 2019/2020. Работењето со Хелена беше голема чест за нас“ – пишуваат од полскиот бренд.