Манекенките дефилираа боси по вештачка песочна плажа на ревијата на Шанел.
Карл Лагерфелд, кој секоја сезона ги изненадува гостите со интересни концепти при презентирањето на колекциите, создаде летна атмосфера сред Париз.
85-годишниот дизајнер на крајот на шоуто ја поздрави бројната публика.