Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Бред Пит е првиот маж кој ќе го рекламира легендарниот Chanel N°5

Бред Пит е првиот маж кој ќе го рекламира легендарниот Chanel N°5

Бред Пит е новото заштитно лице на женскиот парфем Chanel N°5. Француската модна куќа ја потврди веста дека 48-годишниот актер ќе се појави во новата рекламна кампања на култниот парфем.

Бред Пит

За првпат е избран маж да го претставува омилениот парфем на милиони жени. Претходно заштитни лица на Chanel N°5 биле Мерилин Монро, Никол Кидман и Одри Тоту.

Одри Тоту Никол Кидман

Според информации до кои дојде E! Online, Бред во текот на оваа недела во Лондон ќе го започне снимањето на првата реклама.

Сè уште не е познато колкава сума стои зад соработката на Шанел и Бред Пит, но се претпоставува дека се работи за седумцифрена сума. Минатата година неговата свршеница, Анџелина Џоли, стана рекламно лице на Луј Витон за дебела сума од 10 милиони долари.

Мерилин Монро

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19725 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.