Почетна » Новости » Мода » Безвременска елеганција: Иконската чанта 11.12 на Шанел во фокусот на нова кампања

Безвременска елеганција: Иконската чанта 11.12 на Шанел во фокусот на нова кампања

Шанел ја издигнува на пиедестал чантата 11.12 со нова модна кампања.

Популарниот модел, креиран во 80-тите години од Карл Лагерфелд, се базира на легендарната чанта 2.55 дизајнирана од самата Коко Шанел.

„Иконската чанта на Шанел е присутна во константно еволуирачките животи на жените, при што секогаш останува модерна... Концентрат од соништа, емоции, историја и прецизно изработен луксуз, чантата 11.12 на Шанел е повеќе од класика. Таа е икона на безвременска елеганција“ – порачуваат од брендот.

Фотосесијата била снимена во Париз од Инез и Винуд, а краткиот моден филм е дело на Софија Копола.

Шанел Шанел Шанел Шанел Шанел Шанел Шанел

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20830 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.