Темноцрвените нијанси секогаш се хит во есенските денови. Две дами од кралски семејства се насочија кон идентични здолништа во бордо нијанса и иницираа несекојдневна модна битка.
Која ја носи подобро?
Кралицата Летиција носеше здолниште од Хуго Бос на политички настан во Јужна Кореја. Кожената бордо креација таа ја искомбинира со бела кошула со широки ракави и детали со тантела.
Само еден ден подоцна, Меган Маркл го носеше истиот модел на дискусија за родова еднаквост во замокот Виндзор.
Меган го избра истото здолниште во темнотиркизна нијанса за првата посета на Сасекс пред една година.