Меган Маркл е стилски безгрешна на 16-дневната турнеја со принцот Хари низ Австралија, Фиџи, Тонга и Нов Зеланд.
На неколку дена пред крајот на кралската турнеја, парот престојува во Велингтон, каде присуствуваше на настан посветен на креативната артистичка сцена. Славната двојка се сретна со актери маскирани во костими инспирирани од „Lord Of The Rings“.
37-годишната припадничка на британското кралско семејство, која е во блажена состојба, носеше бел сако-фустан без ракави од Меги Мерилин.
Претходно, Меган и Хари во лежерно издание беа на прошетка низ Националниот парк „Абел Тасман“, а се сретнаа и со млади волонтери за да поразговараат за менталното здравје.