Гита Банко несомнено ќе ве освои со женствениот стил.
45-годишната блогерка, која живее во Германија, а потекнува од Унгарија, е креаторка на блогот Blond Walk. каде можете да најдете совети за стилот, модата и за патувања. Целта на Гита е да им даде идеи на своите фанови како да ги комбинираат модните парчиња за впечатлив изглед, да им помогне при купувањето на облека и да ги охрабри да пробаат нешто сосема ново.
Банко е мајка на 19-годишен син, за кој вели дека е центар на нејзиниот свет.
На прашањето која е Гита Банко, таа одговара: „Пред сè јас сум мајка. 45-годишна мајка на 19-годишен син, кој е центарот на мојот живот. Моите корени се од Унгарија и Венецуела, а израснав во Унгарија и Франција.“
За балансирањето на мајчинството и кариерата, таа вели: „Возможно е да одат заедно, но морам да признам дека јас започнав да се занимавам со блогерство кога син ми имаше 16 години. Верувам дека ако започнев порано, ќе ми беше многу потешко да се справам со сè истовремено. Поради блогерството, постојано патувам и сум отсутна од дома. Бидејќи син ми сега е младич, нештата се многу полесни за мене, но кога патувам, тој многу ми недостига и сè уште ми е приоритет број еден на листата“.