Меланија и Доналд Трамп денеска ја започнаа официјалната посета на Велика Британија.
Првата дама на САД ја напушти Белата куќа во фустан со принт инспириран од Лондон. Креацијата е дело на модната куќа Гучи.
По долгиот лет, 49-годишниот поранешен модел се пресоблече во деловна комбинација која многумина ја споредуваат со униформа на стјуардеса.
Темносиниот комплет, Меланија го искомбинира со кошула од британскиот бренд Burberry и обувки од Кристијан Лобутин.