Доналд и Меланија Трамп се во карантин откако вчера нивниот тест за коронавирус покажал позитивен резултат.
74-годишниот претседател на САД ја потврди веста на Twitter. Тој напиша:
„Вечерва, јас и првата дама добивме позитивен резултат на тестот за КОВИД-19. Веднаш ќе го започнеме нашиот карантин и процес на опоравување. Ќе поминеме низ ова ЗАЕДНО!“ – напиша тој.
Tonight, @FLOTUS and I tested positive for COVID-19. We will begin our quarantine and recovery process immediately. We will get through this TOGETHER!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) October 2, 2020
„Како што направија многу Американци оваа година, така и јас и Претседателот одиме во домашен карантин откако добивме позитивен резултат за КОВИД-19. Добро се чувствуваме и ги одложивме сите ангажмани. Ве молам грижете се за вашата безбедност и ќе поминеме низ ова заедно“ – напиша Меланија.
As too many Americans have done this year, @potus & I are quarantining at home after testing positive for COVID-19. We are feeling good & I have postponed all upcoming engagements. Please be sure you are staying safe & we will all get through this together.
— Melania Trump (@FLOTUS) October 2, 2020
Доналд и 50-годишната прва дама беа тестирани бидејќи нивната советничка Хоуп Хикс пројавила симптоми на вирусот откако патувала во истиот авион со Претседателот неколкупати во текот на изминатата недела.
Поради неговата возраст, Доналд е во високоризична група да добие посериозни компликации од вирусот, но неговиот доктор уверува дека и тој и Меланија се чувствуваат добро.