Меланија и Доналд Трамп ги одржуваат традициите на Белата куќа. Парот одговараше на повици од дечиња кои се обидуваа да дознаат каде се наоѓа Дедо Мраз во моментот.
Првата дама на САД избра ролка фустан од Ралф Лорен и во духот на празниците, гo надополни со црвени чевли.
По кратко патување до Ирак, за посета на американските воени лица кои оперираат во таа држава, Меланија и Доналд беа фотографирани додека се враќаа во Белата куќа. Зеленото палто доаѓа од брендот Прада, а кожените панталони се дело на Ралф Лорен.
Многумина ја критикуваа Меланија за овој стајлинг, не само за изборот на панталони, туку и за вечерното носење на очила за сонце.