Кралската турнеја на Меган Маркл и принцот Хари заврши. По 16-дневното патување низ Австралија, Фиџи, Тонга и Нов Зеланд, парот ќе се врати во Велика Британија.
На неколкуте последни настани во Нов Зеланд, 37-годишната војвотка носеше темносини комбинации.
За посетата на музеј во Окленд, заедно со премиерката Џасинда Ардерн, Меган носеше фустан од Антонио Берарди.
Славната двојка ги поздрави бројните фанови во Роторуа, а Меган посебно внимание му посвети на мало девојче. Во таа пригода, поранешната актерка носеше комбинација од Живанши и обувки од Маноло Бланик.
Припадниците на британкото кралско семејство беа пречекани во Роторуа со официјална церемонија, на која добија традиционални наметки. Овој темносин фустан на Меган е дело на Стела Мекартни.
И прошетката на парот низ шума со дрвја стари и по 117 години беше документирана со фотографии.