Меган Маркл покажува дека ја заслужува титулата Најдобро облечена жена која ѝ ја додели People. 37-годишната војвотка шармираше во мастилесто-син фустан од Џејсон Ву на музичката свеченост „100 Days to Peace“.
Стајлингот на Меган вклучуваше и елегантни чевли од Aquazzura и чантичка од Dior.
Настанот на кој присуствуваа Меган и принцот Хари ја одбележува 100-годишнината од завршувањето на Првата светска војна, а е со хуманитарен карактер. Имено, собраните средства ќе бидат донирани во организации посветени на менталното здравје на воени ветерани.