Пријателките на Меган Маркл ѝ организираа забава за претстојното раѓање на нејзиното прво дете, па медиумските рефлектори веднаш се насочија кон неа.
Бремената војвотка од Сасекс беше фотографирана во Њујорк, пред хотелот во кој се подготвува забавата од нејзините блиски.
Маркл, која е во седмиот месец од бременоста и се претпоставува дека ќе се породи во април, носеше црно палто, темни фармерки и бежови салонки.
Славната сопруга на принцот Хари со насмевка се движеше кон забавата со поранешната колешка од „Suits“, Абигејл Спенсер.