Кралицата Летиција и кралот Фелипе присуствуваа на традиционалната гала вечера за доделување на Новинарските награди, организирана од шпанскиот национален весник ABC.
На свеченоста во Мадрид, 46-годишната шпанска кралица зрачеше со елеганција и харизма. За оваа пригода, Летиција избра фустан со точкест принт од Каролина Ерера, кој го надополни со црни салонки.
Кралицата Летиција, како поранешна новинарка, ја имаше честа да додели неколку од наградите.