Почетна » Новости » Мода » Ви се допаѓа ли? Кралицата Летиција во карирано здолниште од H&M со исечок

Ви се допаѓа ли? Кралицата Летиција во карирано здолниште од H&M со исечок

Иако секогаш добива пофалби за вкусот за мода, кралицата Летиција наиде на поделени мислења за најновиот стилски избор.

На Филмскиот фестивал „Opera Prima“, 50-годишната претставничка на шпанското кралско семејство се појави во комбинација со карирано здолниште од H&M со исечок во центарот на едната страна.

Кралицата Летиција Кралицата Летиција Кралицата Летиција

„Отворот го уништи овој изглед“, „Ѝ се восхитувам за нејзината смисла за мода, но ова едноставно изгледа глупаво“ и „Изгледа како да паднала и да си го скинала здолништето кај коленото“ – се дел од негативните коментари на интернет.

„И јас би го носела ова здолниште“ и „Многу е храбра кога станува збор за модата“ - пишуваат оние на кои им се допадна смелиот изглед.

Кралицата Летиција Кралицата Летиција

Оригиналната идеја при креирањето на здолништето била ногата да излегува низ отворот. Истото е создадено од шпанскиот бренд во соработка со Toga Archives.

Кралицата Летиција Кралицата Летиција Кралицата Летиција Кралицата Летиција Кралицата Летиција Кралицата Летиција Кралицата Летиција

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19726 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.