Кралицата Летиција најчесто избира безвременски модни комбинации, па може да ги повторува и деценија подоцна.
Шпанската кралица и кралот Филипе организираа свечена вечера по повод посетата на израелскиот претседател Реувен Ривлин и неговата сопруга.
За банкетот во кралската палата во Мадрид, 45-годишната кралица носеше отмена комбинација и блескавата тијара „Mellerio Floral“.












Црно-белото здолниште од шпанскиот дизајнер Лоренцо Каприле, Летиција за првпат го носеше пред 13 години.

Во потполно истата комбинација, таа се појави во Луксембург пред 11 години.

Летиција и Филипе ги пречекаа своите гости вчера. За таа пригода, Летиција носеше мантил од Барбери.
Славната кралица ја придржуваше првата дама на Израел, која поради здравствени причини носи респираторно помагало.



