Сара Сампајо изгледаше како модерна принцеза на премиерата на филмот „Ismael’s Ghosts“, која се одржа на првиот ден од Канскиот филмски фестивал. На црвениот тепих, 25-годишниот ангел на Victoria’s Secret блесна во креација од Зухаир Мурад.
Црвениот волуменозен фустан создаден од либанскиот моден волшебник, Сампајо го надополни со накит од De Grisogono.