Араја Алберта Харгејт е тајландска актерка и редовна гостинка на модните недели и Канскиот филмски фестивал. Со секое појавување на црвениот тепих таа изнудува комплименти за стилот, бидејќи без исклучок секогаш избира впечатливи креации.
Годинава, Араја дефилираше на црвениот тепих на Азурниот брег во блажена состојба.
На отворањето на престижниот фестивал, 35-годишната ѕвезда носеше бела креација од високата мода на Ralph & Russo.
За премиерата на филмот „The Meyerowitz Stories“, таа го истакна трудничкото стомаче во креација од Alexis Ambille, а својот изглед го надополни и со луксузен накит од Chopard.
Либанскиот дизајнер Зухаир Мурад ја облече Араја за премиерата на „120 battements par minutes“. Креацијата е од колекцијата висока мода пролет 2017.
Црната креација која Араја ја носеше на премиерата на „Loveless (Nelyubov)“ е дело на белгискиот дизајнер Оливие Тискенс.
На забавата на Chopard во Кан, таа носеше фустан од високата мода на Giambattista Valli.
За време на своето патување на француската ривиера, Араја блесна и во неколку други комбинации.
Араја е во петтиот месец од бременоста.